Пејачката Сара Јовановиќ, позната како Сара Јо доживеа изненадување на концертот на Марија Шерифовиќ, откако непознато момче ја запроси пред очите на сите.
На случувањето кумувала Марија, која го „водела програмот“, поточно му овозможила на момчето да дојде покрај бината, да клекне пред Сара и да ја праша дали сака да се омажи за него, а Шерифовиќ цело време ја убедувала Сара да каже „да“.
Пејачката на крајот, по многу убедување му дозволила на момчето да и стави веренички прстен на рака.
Марија нормално ја искористила оваа ситуација, па се пошегувала на нивна сметка.
„Има 21 години, легален е. Тоа е важно“ – се пошегувала Марија.
Погледнете како тоа изгледало: