Британските рок легенди Ролинг Стоунс ја започнаа својата европска турнеја во Мадрид, прославувајќи шест децении постоење.
Турнејата Sixty ќе опфати 14 концерти во Европа, а првиот се одржа на стадионот Ванда Метрополитано, дом на фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид. Последната турнеја на бендот No Filter започна во 2017 година, но северноамериканската сцена беше одложена поради пандемијата на коронавирус. По долго одложување, тие ја продолжија турнејата кон крајот на минатата година и ја завршија со продадени милион билети, иако им недостасува нивниот тапанар Чарли Вотс кој почина во август на 80-годишна возраст.
„Здраво Мадрид! ,им се обрати фронтменот Мик Џегер на повеќе од 50.000 луѓе на стадионот. Бендот го отвори шоуто со песната Street Fighting Man и препознатливите танцови потези на Џегер. Беа прикажани видеа од Вотс како чест од членовите на бендот.
„Ова е наша прва европска турнеја без Чарли, многу ни недостасува“, рече Џегер на шпански пред да ја отсвири песната Sad, Sad, Sad пред трогнатата публика.
Ролинг Стоунс помогнаа да се дефинираат „свингинг шеесеттите“ и хипи ерата со безвременски хитови како Jumpin’ Jack Flash i (I Can’t Get No) Satisfaction. Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд, кои вчера наполнија 75 години, пристигнаа во шпанската престолнина минатата недела.
Стоунс ќе обиколат 13 европски градови и двапати ќе настапат во Лондон. Следниот концерт е во Минхен, а потоа одат во Ливерпул на фудбалскиот стадион Енфилд, што ќе биде нивен прв настап по повеќе од 50 години во родниот град на Битлси.
Ќе настапат и во Амстердам, Берн, Милано, Лондон, Брисел, Виена, Лион, Париз, Гелзенкирхен, а финалето ќе биде во Стокхолм на 31 јули. Покрај прославувањето на 60-годишнината, Стоунс слават и 50 години од објавувањето на еден од нивните најпознати албуми, Exile on Main St.