Познатата македонска ТВ водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска на 15 Октомври го прослави својот 50-ти роденден во кругот на најблиските пријатели, колеги и нејзиниот син Филип.
Таа едноставно блескаше од убавина но и од среќа.
Лила сподели видео на кое може да се види како е облечена, каква торта имала, какво украсување и кој познат пејач ја правел забавата весела.
„15 ти Октомври…беше и остана мојот најсреќен ден, мојот роденден 🎊🎂 Надвор беше студено и врнежливо но во мојата душа како и секогаш имаше сонце затоа што бев опкружена со драги и блиски луѓе ❤️ И ќе ме прашате сега колку години имам ?! Ги имам сите ! И сите ми требаат, секој ден и секој момент ! И сите се мои, и ни една никому не давам !!! 50 се, најубави ми се ❤️ Уште многу имам само дај боже да бидат слични на овие и само здравје да дава господ ❤️
Фала на сите што дојдоа што ми се со мене години наназад, поддршка, љубов и разбирање ❤️
Фала @dragan_temelkov Dzoni што направи вистинска журка за паметење ❤️
Фала @nikoladion @restaurantdion за феноменалната организација и атмосфера што ми ја приредивте ❤️
Фала @mozardh за најубавите торти што секоја година ми го разубавуваат роденденот ❤️
И фала на сите пријатиле кои ми го затрпаа инбоксот со преубави пораки на кои е многу тешко да вратам ама благодарам од срце и ве сакам сите ❤️ И …нека иде живот !!!“, напиша Лилаа во описот на видеото.