Северина ја објави својата нова песна „Пумпај, Севе брате“. Новата женска химна ги сецира слабостите на мажите:
По тој повод, таа објави на социјалните мрежи:
– Драги мои, јас ги напишав текстот и музиката за песната „Пумпај, севе брате“, а мојот драг Звонимир Хорват направи аранжман во ромски ритам, кој го комбинираше со мојата поп мелодија. „Пумпај“ е извичник што носи енергија, ритам и став – често се користи во музиката, спортот и на забави како повик за акција или за подигнување на атмосферата.
Во секојдневниот говор, може да значи и „туркај понатаму“, „не запирај“ или „дај гас“ – без разлика дали станува збор за забава, работа или емоции.
Во оваа песна, „пумпај“ има ново значење – тоа е женски крик против пасивните, лажните и незрелите мажи. Тоа е збор што го носи ритамот на Балканот – гласен, забавен, повеќеслоен и секогаш полн со живот.
Не е познато дали песната е инспирирана од вистински настани, но едно е сигурно: „Ако ти е гајле – пумпај. Ако си маж – признај . А ако не си – благодарам, следен“ – напиша Северина на Фејсбук.
Регионалната поп ѕвезда од самиот почеток ги поддржува протестите на белградските студенти, кои им се спротивставуваат на српските власти по трагедијата во Нови Сад. Таа им ја посвети песната „Тако ти је, сине мој“.