Веќе со недели бугарската песна „Комбајн вршалица“, односно „Васко жабата“ е хит на социјалните мрежи во Македонија, Србија, па и целиот регион.
Нумерата лесно влегува во уши, певлива е, а многумина велат дека со денови не можат да ја исфрлат од глава.
Оваа песна е објавена во 2013 година, но благодарение на социјалните мрежи дури сега стана хит.
Очигледно Бугарите сфатиле какво благо имаат, па овој хит е премногу баран и во нивната земја.
Сите се прашуваат како изгледаат денеска членовите на бендот, особено пејачот. На социјалните мрежи се појави снимка од една веселба на која свири истиот оркестар, а изведувачот е во прв план.
@pavlovic_aleksa Ceca Mecata GLOW Up #vaskozabata #cecamecata #cecamecata🐻😅 #fyp #fypシ #kombainavarshachka ♬ Комбайна-вършачка – Оркестър Камчия