(ВИДЕО) По спонтаниот абортус Џеси Џеј со убави вести, повторно е бремена

Откако пред 13 месеци го загуби бебето во спонтан абортус, Џеси Џеј откри дека е повторно бремена. Британската пејачка ја сподели среќната вест со своите следбеници на социјалните мрежи.

„Во истовреме сум и среќна и преплашена што го споделувам ова. Ве молам, бидете нежни кон мене“, напишала Џеси во описот на видеото во кое покажала фотографии од позитивниот тест за бременост и трудничкото стомаче.


View this post on Instagram

A post shared by Jessie J (@jessiej)

За потсетување, Џеси Џеј пред повеќе од една година ја сподели веста за загубата на бебето на Инстаграм. Не откри колку месеци била бремена, но откри дека на третиот ултразвук дознала дека отчукувањата на срцето на бебето повеќе не се слушале. Пејачката додаде и дека „одлучила сама да има дете“ бидејќи тоа ѝ било „животен сон и бидејќи животот е прекраток“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e