(ВИДЕО) Пинк со исповед за психичкото здравје: Плачам со денови, мислев дека умирам

Познатата пејачка Пинк пред три години за прв пат проговори за своите здравствени проблеми. Таа потоа откри дека веќе 17 години се бори со депресија и анксиозност. Својата состојба, таа ја опиша како сериозна и наведувајќи дека понекогаш плаче со денови, дури и кога нема конкретна причина за солзи.

Сакајќи да им помогне на другите да ги препознаат симптомите и да побараат помош, таа уште еднаш јавно го сподели своето искуство на социјалните мрежи.

-Порано имав страшни напади на паника и не знаев што се случува. Немав со кого да разговарам за тоа, не знаев кому да се обратам и што да правам – призна пејачката.

Симптомите биле толку тешки што мислела дека умира. По секој таков напад таа завршувала во болница, но лекарите по прегледот ја враќале дома со констатација дека е физички здрава.

– Постојано ми велеа дека не ми е ништо. Секогаш ми правеа ЕКГ, сите можни анализи и ме уверуваа дека сè ми се случува во главата – изјави пејачката.

По една тешка епизода решила да побара помош од психотерапевт.

-На терапијата научив како да ги препознавам симптомите и како да се справувам со нападите на паника. Научив како да се грижам повеќе за себе. Терапевтот ми покажа какви средства да користам во такви ситуации. Почнав да медитирам, да вежбам. Сепак, јас сум музичар и ми се чини дека најмногу ми помогна пишувањето песни. Тоа веројатно ми го спаси животот – беше искрена Пинк.

Нападите на паника се еден вид анксиозно растројство. Се појавуваат ненадејно и навидум без посебна причина. Симптомите се силно чувство на страв и вознемиреност придружени со забрзаното чукање на срцето, трепет, потење, проблеми со дишењето, кои потсетуваат на срцев удар.

Во вакви ситуации, според лекарите, неопходно е да се побара стручна помош од психотерапевт. Во зависност од тоа колку болеста напредувала, психијатарот може да ви даде антидепресиви како терапија. Најважно е да се утврди што ги предизвикува нападите на паника. Инаку, жените се повеќе склони кон ова нарушување, но истото не е невообичаено и кај мажите.

Извор: srecna.republika.rs

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e