На пробата за концерт на пејачот се придружи и неговата сопруга, бремената Хана.
Хрватскиот пејач Петар Грашо на својот Инстаграм профил објави видео од подготовките за претстојниот концерт во Арена Загреб.
Грашо ги изненади фановите бидејќи во најавите покажа дека на пробата му се придружила и сопругата Хана, која на пробата пристигнала во сива широка маица и хеланки и со останатите пеела и играла.
– Одбројувањето и загревањето започна! Кој доаѓа во Арена Загреб? – напиша Грашо во описот на видеото.