Васил Гарванлиев ќе биде повторно нашиот претставник на Евровизија годинава.
Во рамки на Дневникот 1 на МТВ, беше промовирана и песната со која ќе нè претстави.
Композицијата носи наслов „Here I stand“, музиката и текстот се на Васил, додека пак зад аранжманот и продукцијата се потпишуваат Борче Кузмановски и Давор Јордановски.