(ВИДЕО) Оливера претстави дел од досега необјавена песна на Ѓорѓе Балашевиќ

Оливера Балашевиќ денеска го слави својот 63 роденден.

По тој повод таа на Инстаграм објави дел од необјавена песна на нејзиниот сопруг Ѓорѓе Балашевиќ.

„Серенадата како таква не е секогаш само приспивна песна… 29 април…“, напишала Оливера во описот на видеото.


Семејството Балашевиќ вечерва ќе го претстави обновеното издание на стихозбирката „Допир на свилата“ од Ѓорѓе Балашевиќ. Изданието наводно ќе биде збогатено со интимна преписка на Оливера и непрежалениот кантавтор, пишуваат српските медиуми. Ќе се претстави и необјавена песна од Ѓорѓе Балашевиќ.

„Темпото на промоцијата ќе го диктира ритамот на избраните песни што ќе се пуштаат, а приказната на Ѓоле за серенадата првпат ќе се слушне од семејната архива“, изјави претходно Оливера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e