Мадона продолжува да ги загрижува обожавателите со објавите на социјалните мрежи. Пејачката објави кратко видео кое започнува со позирање во божиќен костим и долна облека, а завршува со слика со семејството.
Видеото собра илјадници коментари, а некои нејзини следбеници реагираа негативно на ова видео, најмногу поради позирањето во долна облека и фотографирањето со деца во истата објава.
„Непријатно ми е да го гледам ова“, „Кој и дозволува да објавува вакви видеа“, „Колку може да биде морничава Мадона“, „Која си ти и што си направила со Мадона“, „Дали некој друг се плаши од нејзините очи“, „Веќе не знам која е оваа личност“, „Бизарно видео“, „Одземете и го мобилниот“, „Ова е многу чудна објава“, беа само дел од бројните негативни коментари на следбениците на поп – дивата.
Но, имаше и такви на кои им се допадна видеото.
„Среќен Божиќ за тебе и твоето семејство“, „Ве сакаме сите“, „Убаво семејство“, „Остави што зборуваат другите, ти си нашата кралица“, „Сè уште си убава после сите овие години“, напишаа фановите на пејачката.