(ВИДЕО) „Одиме до крај“: Силвестер Сталоне не се откажува од тренинзи ниту на 74 години

Холивудскиот актер Силвестер Сталоне во ниту еден момент не се откажува од напорните тренинзи со кои ја одржува формата. Тој интензивно вежба во теретана, а на Instagram сподели видео во кое покажа како вежба.

На оваа социјална мрежа го следат над 13 милиони обожаватели. На видеото што го објави е прикажано како вежба со тегови од по 20 килограми. Со видлив напор успеа да подигне 40 килограми, покажувајќи дека е во исклучително добра форма.

„Одиме до крај“, стои во описот на видеото кое за 24 часа има над 3 милиони прегледи.

На 6 јули Сталоне ќе наполни 75 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e