Новата хорор серија на „Netflix“, „The Midnight Club“, го собори светскиот рекорд по бројот на застрашувачки сцени уште во првата епизода, повеќе од која било друга серија снимена досега.
Серијата влезе во Гинисовата книга на рекорди откако бројот на сцени за „штрекање“ во првата епизода ги надминала сите досега снимени.
Ова е добра реклама за новата приказна која ја потпишува Мајк Фланаган, чии претходни проекти за „Netflix“ ги вклучуваат „The Haunting of Hill House“, неговото продолжение „The Haunting of Bly Manor“ и „Midnight Mass 2021“.
За иронијата да биде уште поголема, Фланаган баш и не е обожавател на таквите сцени, а во минатото многу гласно заговараше дека не сака сцени кои ги плашат гледачите. Тој исто така ги режираше филмовите „Hush“ и адаптацијата на продолжението на култниот филм „The Shining“, направено по сценариото на Стивен Кинг со наслов „Doctor Sleep“.
„The Midnight Club“, серија која заедно ја креираа Фланаган и Ли Фонг, е адаптација на истоимениот роман на Кристофер Пајк, а следи група смртно болни тинејџери во болницата Брајтклиф, кои се состануваат секоја ноќ на полноќ за да раскажуваат страшни приказни.
„Сега го има моето име во Гинисовата книга на рекорди за плашење на публиката, што значи дека следниот пат кога ќе добијам сценарио, можам да кажам: ‘Знаете, како моментален светски рекордер за страшни сцени, не мислам дека нѝ треба една и тука’“, изјавил Фланаган.