(ВИДЕО) Нова емотивна песна од Беквалац која откри дека се разведувала поради ќерките

Во емотивна исповед, српската пејачка Наташа Беквалац откри дека браковите кои повеќе не функционирале, ги прекинала токму поради своите деца. Иако важи за жена која, како што велат, може да го „заврти умот“ на секој маж, Наташа Беквалац сè уште нема многу среќа во љубовта.

Зад неа се врските со бизнисменот Миодраг Костиќ и манекенот Владимир Вуксановиќ, како и три брака кои завршија со развод.

Сепак, Наташа никогаш не ја изгубила вербата во љубовта. Гостувајќи во емисијата „Зошто си толку сериозен“, без влакна на јазикот зборуваше за своите пропаднати бракови.

— Кога подобро ќе размислам, најмногу сум била сакана кога сум била најнесреќна, а кога ми беше најубаво тогаш најмногу ме осудуваа. Дали вредам, колку вредам, дали заслужувам љубов … Некои остануваат во брак поради децата, а јас се разведував токму поради нив. Буквално вршев саморанување. Алкохолот беше последица. Одблизу трагедија, оддалеку комедија, изјави Беквалац.

По објавувањето на песната „Мама“, која веднаш ја освои публиката, Наташа откри и со кој поранешен партнер би се смирила, оставајќи простор за многу шпекулации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e