Мајли Сајрус ја објави песната Doctor (Work It Out) која ја сними во соработка со Фарел Вилјамс и ги воодушеви своите фанови.
Досега е преслушана повеќе од три милиони пати на YouTube. Во коментарите под видеото има бројни коментари од обожавателите, а многумина се согласуваат дека оваа песна би можела да постигне популарност како хитот Flowers, за која 31-годишната пејачка неодамна доби Греми.
“Неверојатно што го направи овој хит пред 12 години и го зачува за вистинскиот момент. Беше пред своето време и покажа колку е талентирана. Браво, продолжи”, коментира еден од фановите. Имено, песната Doctor (Work It Out) е создадена во 2012 година, а Мајли во интервју за Apple Music 1 објасни зошто толку долго чекала да ја објави.
„Ние само веруваме во тајмингот и сè што се случува кога треба да се случи… едноставно се чинеше толку несериозно, и имаше толку многу усогласувања и толку многу моменти што ми дадоа до знаење дека сега е совршено време. Понекогаш работите во нашето минато прават повеќе смисла во нашата сегашност отколку што имале тогаш“, рече Мајли.