(ВИДЕО) Незгода на настап: На Кети Пери и се скинаа панталоните додека пееше

Последната епизода од „Американски идол“ содржела некои впечатливи настапи, но сите останале во сенка поради незгодата која ѝ се случила на Кејти Пери.

Таа додека го пеела својот хит „Teenage Dream“ имала мала непријатна ситуација – ѝ се скинале кожните панталони.

Сè започнало кога натпреварувачите почнале да ја убедуваат 37-годишната пејачка со нив да импровизира. Кога почнала да го пее рефренот, Кејти клекнала, а тесните кожни панталони се скинале.

Таа со раката ја покрила пукнатината и тргнала кон асистентите велејќи: „Можам ли да добијам лента?“.

Нејзините колеги од жирито, Лионел Ричи и Лук Брајан не се покажале баш како колегијални, не можеле да престанат да се смеат. Брајан на крај со продуцентите на шоуто ѝ помогнал да ја прикрие пукнатината.

Инаку, ова не е првпат на Кејти да ѝ се случи непријатност. Пред четири години исто така ѝ се скинале панталоните додека пеела дует за истото шоу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e