(ВИДЕО) Направи вистински спектакал среде Белград: Карлеуша пееше пред илјадници луѓе

Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша на новогодишната ноќ настапи пред Собранието во Белград каде што илјадници граѓани се простија од старата и влегоа во Новата 2022 година.

Карлеуша го започна настапот со облечена во кристален костим, со кој визуелно ја реализираше својата идеја да се појави „замрзната“ пред публиката, пишува српски Курир.

Потоа Карлеуша се пресоблекла во црвена комбинација, па во златна.

-Прв пат пеам пред Собранието во мојот град. Ми кажаа дека го срушивме рекордот и дека никогаш немало повеќе луѓе, рече Карлеуша и им посака Среќна нова на сите.

-Ми се исполни најголемата животна желба, ви благодарам што заедно влеговме во Новата година. Горда сум на Белград, ние сме центарот на светот вечерва – рече Јелена.

На Карлеуша на сцената ѝ се придружија и трубачи, а настапила со нејзините стари хитови.

Јелена пред Собранието пееше по насапите на Марија Шерифовиќ и Сара Јовановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e