(ВИДЕО) „Најубавата ноќ во мојот живот“: Три години подоцна Маја Беровиќ објави видео од нејзиниот спектакуларен концерт

Музичката ѕвезда Маја Беровиќ (34) пред три години одржа концерт за паметење во белградската Старк Арена.

Преполната Арена, музичко-сценскиот настап на Маја и публиката која уживаше во бројни хитови беа повеќе од доволна причина да се зборува за неа со денови, како и дека Маја ги оправда сите очекувања.

Една недела пред концертот се бараше билет повеќе, но токму во тоа време беше продадена и последната карта за концертот. Кога се појави на сцената во 2018 година, Маја предизвика вистинска хистерија кај насобраните фанови, тие ја поздравија со силен аплауз и го скандираа нејзиното име, а таа го пееше познатиот хит „Харем“ додека се спушташе од врвот на Арената во кафез.

– Нема да зборувам многу, срцето ми е полно – рече тогаш Маја додека публиката скандираше и го извикуваше нејзиното име.

Три години подоцна, Маја ја сподели оваа магична ноќ со сите, па на својот официјален Јутјуб канал објави видео од целиот концерт. Со овој гест на Маја особено се израдуваа фановите кои со нетрпение го чекаа спотот, но и оние кои таа вечер не можеа да присуствуваат на концертот бидејќи немаше карти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e