(ВИДЕО) Најскапиот, а воедно и најновиот филм на Netflix руши рекорди на гледаност

„Red Notice“, новиот филм со Двејн Џонсон, Рајан Рејнолдс и Гал Гадот, урна рекорд на гледаност во првиот ден од прикажување на Netflix.

Рајан Рејнолдс е првиот кој откри дека објавениот блокбастер собори рекорд на Netflix по бројот на гледаност од денот на премиерата.

„Red Notice“ оствари најдобар резултат на денот на премиерата на Netflix. Честитки до целиот тим“, објави Рејнолдс на Twitter.

Кон честитките се приклучија Двејн Џонсон кој сподели видео порака на Instagram, и Гал Гадот која одушевено реагираше на добрата вест.


View this post on Instagram

A post shared by therock (@therock)

Филмот дебитираше на Netflix изминатиот викенд откако во одредени кина беше прикажан седум дена порано.
Со буџет од 200 милиони долари се смета за еден од најскапите проекти на Netflix досега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e