(ВИДЕО) Над милион луѓе го гледале „Тома“ за два месеци

Екипата на филмот „Тома“ слави голем успех.

Хитот на Бјелогрлиќ и официјално стана најгледан филм во поновата српска кинематографија, а за два и пол месеци филмот го погледнале 1.054.000 луѓе.

Примерок од ова дело е предаден на трајно чување на Југословенската кинотека. Авторите добиле признание од директорот на оваа институција Југослав Пантелиќ за нивниот придонес во српската кинематографија.

Филмот многу брзо стана хит и во регионот. Да потсетиме, ова е биографски филм за Тома Здравковиќ. Бјелогрлиќ ги покажа почетоците на кариерата на легендарниот пејач, како и врвот на славата, но и дното кое го достигна во тој период во приватниот живот. Тома Здравковиќ го отелотвори младиот српски актер Милан Мариќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e