(ВИДЕО) Миа Костова јавно проговори за анксиозноста, паничните напади и депресијата

Поранешната водителка Миа Костова објави видео во кое ја раскажува својата борба со анскиозноста, паничните напади и депресијата.

Костова во 30-минутното видео го објаснува целиот пат што го изодела, од нејзината 17-та година кога го доживеала првиот паничен напад, па сè до денес.

Инфлуенсерката открива дека анксиозноста ѝ се појавила во средношколските денови кога почнала финансиски да се осамостојува.

Интересно е тоа што пред 20 години, кога и всушност го доживеала својот прв паничен напад, докторите, а и нејзината мајка не знаеле што се случува со Миа, па ѝ правеле детални испитувања на сè и сешто, за, како што вели и самата, ‘да се исклучи можноста дека е нешто сериозно’.

Во видеото, кое досега има повеќе од 20.000 прегледи, Миа вели и дека паничните напади ѝ се намалиле кога останала бремена со Андрија, бидејќи тогаш била фокусирана на грижа за детето.

Сепак, пред две и пол години, односно кога на сцената нѝ настапи новото нормално, Миа вели дека кај неа повторно почнала да се јавува анксиозноста и состојбата на постојан страв.

Најлошиот период со анксиозноста, кој потоа прераснува и во депресија, кај Миа се случува околу Нова година, кога, како што вели, воопшто немала волја да го напушти креветот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e