Познатата пејачка настапи на ревијата на Викторија Сикрет во Њујорк, заедно со раперките Лиза и Тајла, па првпат во историјата на овој настан пејачките бeа единствените изведувачи. Шер пред настапот се појави на црвениот тепих со 40 години помладиот партнер. Истата вечер, пејачката имаше и руса и црна коса, а двата нејзини стајлинзи беа обележани со два модели на шик панталони.
Познатата пејачка Шер (78) се појави на пистата со ангелите на Викторија Сикрет во црн стајлинг, а оваа боја ја носеше на црвениот тепих. Таа беше одлично расположена кога се појави на забавата во Њујорк, што може да се каже и за нејзиниот партнер, музичкиот продуцент Александар Едвардс, кој не се двоумеше да ја бакне.
Мажите на моја возраст умреа, а порано секогаш се плашеа да ми пријдат. Александар е феноменален, многу љубезен, многу талентиран и има смисла за хумор. Исто така, мислам дека е многу убав, рече таа.