(ВИДЕО) Масимо Савиќ пеел песна за 23 декември, датумот на неговата смрт

Веста за смртта на музичарот Масимо Савиќ погоди многумина. Имаше верна публика во сите земји од поранешна Југославија, а од него се простија и бројни колеги.

Медиумите од регионот пишуваат за морничавата симболика на песната на неговиот колега Тони Цетински која им паднала во очи на многумина.

Станува збор за песната „23 декември“ од 1995 година.

Песната беше популарна, па во 2018 година Масимо и Тони во придружба на Петр Грашo ја изведоа во живо на ХРТ.

За жал, бидејќи Масимо почина на 23 декември, а песната се вика така, многумина ја коментираа случајноста, но се осврнаа и на текстот на песната.

„Дваесет и трети декември Два часа по полноќ, ѕвони телефонот. Повик од болница. Сè ми беше јасно. Не! Има само надеж дека времето сега ги лекува сите рани и оти Господ сега ќе ми даде сила да ги преживеам тие денови“ се стиховите од почетокот на песната.

На „Јутуб“ луѓето пишуваа коментари погодени од тажната вест.

Масимо почина во болницата Виноград во Загреб, каде се лекуваше од рак на белите дробови, а зад себе остави бројни хитови и кариера вредна за спомен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e