Минатогодишниот победник на Евровизија, групата „Манескин“, на Инстаграм објави исечок од песната со која застанува во поддршка на Украина и им се обраќа на Русите со текстот: „Како спиете ноќе со сите тие животи на рацете?“.
Откако „Пинк Флојд“ објави песна во знак на поддршка на украинскиот народ, сега тоа го направи и италијанската група „Манескин“.
Одговарајќи на иницијативата на организацијата „Global Citizen“, „Stand Up for Ukraine“, бендот од Рим објави едноминутно видео на својот Инстаграм профил, со нова енергична песна во знак на поддршка на иницијативата.