Мадона со видеото направи „хаос“ на мрежите: Тоа не и беше доволно, па предизвика бурни реакции со описот
Кралицата на попот овој пат се надмина себеси, а спротивставените коментари постојано доаѓаа
Тешко е да се најдат зборови кои би можеле да ги опишат новите објави на Инстаграм профилот на кралицата на попот, Мадона (64).
Следбениците на пејачката се прилично навикнати на шокантни фотографии и видеа, а таа овој пат се надмина себеси.
– Само ти (јас) – напишала Мадона под кратката фотографија на својот профил, на која прво позира со очила за сонце, а потоа веднаш со маска на лицето и камшик во устата. Но, тоа не беше крајот.
Пејачката не застана тука, па по видеото сподели и сет фотографии на кои позира многу провокативно.
– Сексот беше одличен оваа недела, благодарам на сите – напишала во описот и со тоа предизвикала многу коментари, и добри и лоши.