(ВИДЕО) Мадона го покажа задникот во ТВ шоу – водителот остана шокиран!

Пејачката Мадона гостуваше во ток -шоуто на Џими Фалон, The Tonight Show ,за да го промовира документарниот филм наречен „Мадам Икс“.

Интервјуто го започна со тоа што рече дека гледачите треба да разберат дека уметноста е важна во нашите животи.

“Уметниците се тука за да го нарушат нашиот мир. И се надевам дека го нарушив не само вашиот мир, туку и мирот на луѓето што го гледаа ова шоу, но на добар начин”, изјавила Мадона кон водителот Фалон.

После тоа, таа направила нешто неочекувано. Легна на бирото на водителот, која извика: „Не, не, не, застани“.

Го зеде палтото за да и го покрие задникот за гледачите да не видат премногу, но изгледа дека тоа не и се допадна на Мадона. Кога се симна од масата, го крена фустанот и им го покажа задникот на публиката и гледачите, а водителот ја покри главата со палто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e