(ВИДЕО) Констракта месеше леб на сцена! Оди во финалето на „Беовизија“

Ана Ѓуриќ Констракта настапи во втората полуфинална вечер на српскиот Евросонг со песната „Ново, боље“ и се пласираше во финалето, а нејзиниот настап ја воодушеви публиката. Пејачката која ја претставуваше Србија на Евровизија 2022 година со песната „In Corpore Sano“, повторно се појави во долг бел фустан, а во еден дел од настапот на сцената месеше леб.

Пејачката седеше на истото столче на кое седеше во 2022 година и месеше леб во чинијата на нејзината покојна баба, исто како и таа. Инаку, нејзината баба е од Глибовац и доживеала 103 години.

„Но, делот каде што сите чекаат тестото да се крене „сега ќе“, но никогаш не го прави тоа, е легендарно! Го претставува општеството, животот, политиката, сега ќе бидеме подобри, поубави, посилни, а потоа тоа не се случува никогаш“, гласи еден коментар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e