(ВИДЕО) „Ќе бидам разочаран ако не ја запознаам внуката“: Томас Маркл ја моли Меган за прошка

Томас Маркл повторно се огласил после раѓањето на внуката Лилибет и рекол дека би сакал да поразговара со својата ќерка Меган, со која веќе долго време не е во добри односи.

Гостувал во емисијата „60 минути“, а во еден момент за време на интервјуто почнал да ја моли Меган за прошка.

„Ќе бидам многу разочаран ако не добијам прилика да ја држам во прегратки мојата внука“, рекол тој.

Томас не го запознал ниту својот внук Арчи, а кралскиот биограф Роберт Џобсон вели дека не би можело да се очекува дека било кој од нив ќе го запознае во блиска иднина.

Во интервјуто изразил загриженост за тоа што завршил, како што тврди, прекрасниот однос кој го имал со Меган.

„Згрешив и ѝ се извинив стотина пати за тоа. Сепак, би сфатил ако сум направил нешто навистина грозно, но не направив“, додал тој.

Односот на Меган и Томас се заладил откако признал дека на медиумите им продал фотографии пред нејзината венчавка со Хари, во 2018-та година.

„Тоа беше пред две години, но се обидов да се искупам за тоа. Сега сум оддалечен само 100 километри. Никогаш не престанав да ја сакам. Не се согласувам со сите работи кои ги прават моите деца, но секогаш ќе ги сакам. И сигурно ја сакам Меган“, заклучил тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e