(ВИДЕО) Кејт Винслет во голи сцени во новиот филм, проговори и за либидото

Актерката не се срамеше да се соблече пред камерите ниту за време на снимањето на „Титаник“, а сцените во кои лежи на каучот само со ланче околу вратот останаа легендарни до ден денес.

Актерката Кејт Винслет, која на многумина им е позната по улогата на Роуз во „Титаник“, деновиве ги изненади сите обожаватели со сцените од новиот филм „Lee“. Имено49 -годишната актерка некои сцени ги снимила сосема гола.

Во овој филм, Винслет ја глуми жената по име Ли Милер, која во текот на Втората светска војна станала воен фотограф.

Винслет не се срамеше да се соблече пред камерите уште за време на снимањето на „Титаник“, а сцените во кои лежи на каучот само со ланче околу вратот останаа легендарни до денешен ден.

Инаку, таа неодамна зборуваше за сексуалниот нагон и призна дека примала терапија со тестостерон за да го зголеми либидото.

1

„Понекогаш либидото на жените опаѓа затоа што нешто се случува со нивната тироидна жлезда. Исто така нешто може да се случи и со нивото на вашиот тестостерон. Многу луѓе не го знаат ова, но жените имаат тестостерон во нивното тело, кога ќе го снема, можете да го надоместите и тоа е нешто што може да се направи за повторно да се чувствувате секси“, изјави Винслет во текот на една епизода од поткастот „Како да не доживеете неуспех“, давајќи совети на слушателка која сака да го смени својот сексуален живот.

„Мислам дека со стареењето жените стануваат „посочни“ и посекси, свесни за вистината за тоа кои се и стануваат помоќни и поспособни да чекорат самоуверено во светот и помалку се грижат за мислењата на другите, а тоа е нешто што дава моќ. Постојано им кажувам на моите пријатели дека изгледаат одлично“, додаде таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e