Пејачката Јелена Карлеуша со својот настап ја отвори 31-та „Роштиљијада“ во Лесковац, а кога се качи на сцената ја дочека громогласен аплауз, но нејзиниот аутфит натера многумина да ги „тријат“ очите.
Јелена се појави во многу елегантен фустан, целиот во бело, во кој прошета и покажа совршена фигура, но никој не можеше ни да замисли што ќе најдат на сцената.
Јелена носеше трико во сиво – сребрена боја, кое го искомбинира со розови детали околу својот атрибут „најубиствен“, а сето тоа го спои со вртоглаво високи потпетици.
Покрај неверојатниот аутфит, таа успеа да ја загрее публиката со својот настап, танц и енергија и со тоа покажа колку е голем професионалец, бидејќи играњето во ваква модна комбинација секако не е лесно.