Канје Вест го одржа последниот концерт како дел од промоцијата на неговиот десетти студиски албум Донда, именуван по неговата покојна мајка.
Раперот ја изненади публиката со својот настап на сцената. Се запали и запален се прошета по сцената, која наликуваше на неговиот семеен дом каде што израснал, пишува Би -Би -Си.
⛽️#Donda pic.twitter.com/ifK1Tbr7iW
— Apple Music (@AppleMusic) August 27, 2021
Неговиот персонал го изгасна огнот на време, а подоцна следуваше уште едно изненадување за публиката. За време на последната песна на концертот No Child Left Behind West, неговата бивша сопруга Ким Кардашијан му се придружи на сцената.
❤️ #Donda pic.twitter.com/BqEFUAaqe4
— Apple Music (@AppleMusic) August 27, 2021