Македонската пејачка Калиопи на својот Фејсбук профил сподели нејзин концерт одржан во универзална сала.
Имено, Калиопи со објавата ги пренесе нејзините моментални емоции со кои се соочуваа веќе подог период.
На пејачката и недостасуваат настапите на сцената како и приврзаноста со публиката.
„Македонија некогаш… на мојот концерт во универзалната сала… колку се радуваа моите луѓе… Сакам уште еднаш да ги видам и слушнам вака… Ми недостигаат овие моменти, ми недостига Универзална Сала (одамна ветена дека ќе се реновира) … Ми недостига оваа радост што нема вредност затоа што е бесценета… Вратете ни ја!“-напиша Калиопи на социјалната мрежа Фејзбук.