Излезе вториот по ред трејлер за филмот „House of Gucci“ на режисерот и продуцент Ридли Скот, а кино премиерата е најавена за 24-ти ноември.
Патриција Реџани Мартинели, попозната како Леди Гучи, која во филмот ја толкува пејачката Лејди Гага, беше прогласена за виновна за нарачаното убиство во 1998 година.
Имено, Патриција го нарачала убиството на нејзиниот сопруг Маурицио Гучи поради љубомора бидејќи планирал да се ожени со помлада жена, но и бидејќи ѝ пречел начинот на кој управувал со имотот.
За злосторството, на убиецот му платила околу 300.000 евра, а откако била откриена, добила затворска казна од 26 години.
Во филмот за овој скандал публиката ќе ги гледа Лејди Гага, Адам Драјвер, Ал Пачино, Џереми Ајронс и Џеред Лето, како и Селма Хаек.
Филмот е базиран на книгата „The House of Gucci: A Sensational Story of Murder, Madness, Glamour, and Greed“ на авторката Сара Геј Форден, објавена во 2001 година.
Погледнете го трејлерот за филмот за кој се зборува дека Лејди Гага ќе добие Оскар: