„Имате лице како бебе“, „Изгледате многу добро“, „Толку сте убави“, „Блескате“, „Изгледате помладо“, напишаа ентузијастичките следбеници во коментарите
Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави видео на кое тотално е природна, без трошка шминка за да го рекламира својот бренд за козметика.
Имено, нејзиното снимање на утринската рутина собра повеќе од 5,3 милиони прегледи на корисници за само 15 часа.
„Имате лице како бебе“, „Изгледате многу добро“, „Толку сте убави“, „Блескате“, „Изгледате помладо“, напишаа ентузијастичките следбеници во коментарите.
Пред да објави на Инстаграм Стори, пејачката објави фотографија од креветот, исто така без шминка, додека на главата има неуредна пунџа.