Нашата позната пејачка, Сузана Гавазова, повторно најде начин како да го привлече вниманието на своите бројни фанови на социјалните мрежи.
Фолкерката овој пат позираше во провокативен, дводелен костим за капење кој повеќе откриваше отколку што покриваше.
Во преден план беа нејзините раскошни облини, но и тетоважите од кои посебно внимание привлече една што прв пат ја покажува.
Пејачката се сликаше со подигната камера, така што се гледаше целото нејзино тело со кое ги распамети мажите што ја следат.
Од нејзините фотографии можеме да забележиме дека пејачката има фантастично тело и покрај нејзините две бремености.
Инаку, пејачката и нејзиниот сопруг Јасмин ги спакуваа куферите и заминаа на одмор на островот Миконос, каде максимално уживаат. Со нив се и нивните две ќерки кои се круна на нивната голема љубов.