Ева Мендес влезе во Новата година со храбар нов изглед.
Ева е една од ретките познати личности кои објавуваат фотограафии на социјалните мрежи без фотошоп, онака како што навистина изгледа. Често можеме да ја видиме без шминка и сосема природна, а многумина ја фалат токму поради тоа.
Сега таа ги изненади своите следбеници со својот нов изглед. Имено, актерката сподели селфи одблиску, на кое јасно се гледа дека од бринета станала огнена црвенокоса.