Претстојниот шпионски трилер „Argylle“ го доби првиот тизер трејлер во кој се појавуваат Хенри Кавил и Дуа Липа. Филмот кој го режирал Метју Вон претставува и актерско деби на британската пејачка.
„Argylle“ го следи вештиот шпион кој пати од амнезија и е наведен да верува дека тој всушност е успешен автор, а негова специјалност се шпионски романи.
Филмот е по сценарио на Џејсон Фуш, а се базира на истоимената книга на Ели Конвеј.
Покрај Кавил и Липа, во „Argylle“ се појавуваат и Брајс Далас Хауард, Сем Роквел, Брајан Кренстон, Кетрин О’Хара, Аријана Дебос, Роб Делејни, Џон Сина и Семјуел Л. Џексон.
Тизерот нуди краток увид во филмот во кој Кавил и Дипа танцуваат во ресторан или бар. Пејачката во сцената носи блескав златен фустан, а препознатливата црна коса ја заменила со руса, обликувана во краток боб.
Кавил е најпознат по улогите во филмовите „Man of Steel“, „Batman v Superman: Dawn of Justice“ и „Justice League“ во кои го толкуваше ликот на легендарниот суперхерој Супермен.
Неодамна глумеше и во серијата на Нетфликс „Enola Holmes“ како Шерлок Холмс и во „The Witcher“ како Гералт од Ривија.
Липа е меѓународна поп ѕвезда, а неодамна беше во центарот на вниманието поради обвинението дека го плагирала еден од своите најголеми хитови – песната „Levitating“.