(ВИДЕО) Дејвид Бекам ѝ го предаде својот Инстаграм профил на украинска докторка

Поранешната фудбалска суперѕвезда Дејвид Бекам ѝ го подари својот Инстаграм профил на украинската докторка Ирина од Харков.

На профилот на Бекам, кого на Инстаграм го следат 71,5 милиони луѓе, Ирина објавила фотографии од полн подрум каде се евакуираат бремените жени и мајките, од првиот ден на рускиот напад на Украина, објави „Гардијан“.

Докторката објави фотографии од новороденчиња на интензивна нега, каде лежат и бебиња зависни од кислород, што го донираше УНИЦЕФ.
Ирина напиша дека сега работи 24 часа на ден и верува дека таа и нејзините колеги веројатно си ги ризикуваат животите, но дека не размислуваат за тоа бидејќи си ја сакаат работата.

Амбасадорот на УНИЦЕФ од 2005 година, Бекам, апелираше до неговите фанови да донираат помош за Украина.

„Моите социјални канали ѝ ги предавам на Ирина, раководителка на Регионалниот перинатален центар во Харков, Украина, каде што им помага на мајките да се породат. Погледнете ги „моите приказни“ за да дознаете повеќе за неверојатната работа што Ирина и здравствените работници како неа ја прават за да спасат животи во Украина. Ве молам дајте сè што можете за да ги поддржите УНИЦЕФ и луѓето како Ирина користејќи ја врската за донација во мојата биографија“ – рече Бекам во видео пораката на својот Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e