Нема одмор за Цеца Ражнатовиќ. Откако се врати од Малдиви, пејачката продолжи да работи со полна пареа, настапувајќи во Хамбург минатиот викенд.
Иако публиката е навикната да ја гледа во елегантни костуми и долги тоалети, Цеца овој пат се одлучи за промена.
Таа носеше мини црн фустан кој ја истакна нејзината витка фигура, а во преден план беа извајаните и исончани нозе.
Пејачката, комбинацијата ја комплетираше со високи потпетици, додека косата ја навлече нагоре во реп.
Публиката беше воодушевена од излегувањето на Цеца, а штом излезе на сцената ја поздравија со аплауз.