Американската поп ѕвезда Бритни Спирс повторно успеа да ги загрижи фановите со своите објави на социјалните мрежи.
Имено, пејачката на својот Инстаграм профил објави видео на кое се гледа како се тушира, но многумина сепак мислат дека претерала.
Со оглед на тоа дека за ваквите објави секогаш добива многу критики, таа реши да забрани коментирање на оваа објава. Сепак, реакциите на другите социјални мрежи се бројни, повторно нејзините фанови се загрижени.
Спирс објави и селфи, кое е направено во бања во Мексико, и изјави дека тоа го направила бидејќи „Инстаграм не сака кога луѓето го покажуваат своето тело“.
– Мамо и тато, ја поминав границата и успеав откако не испив кафе цели 15 години. Мамо, сега можеме да одиме да пиеме кафе. Ме третираа подеднакво. Ајде да пиеме кафе и да поразговараме – напишала Бритни.