(ВИДЕО) Бендот Fiction го издаде најновиот сингл – “Сега или Никогаш”

“Сега или Никогаш” е најновиот сингл на скопскиот бенд Fiction. Песната, која бендот ја издаде со видеозапис, е инспирирана од New Wave и synth-pop звукот на 80-те години на 20-от век, од артисти како Depeche Mode, Duran Duran, Tears for Fears и The Police.

Песната е продолжение на приказната која бендот ја започна со својот претходен сингл “Дали Знае”.

Автор на музиката и текстот е гитаристот на бендот, Виктор Захариев, кој стои и зад аудиопродукцијата, додека зад аранжманот се потпишува целиот бенд. Видеото е дело на режисерот Јован Саркањац, сработено во соработка со Сара Панковска и Мило Горгиевска.

Миксот и мастерот се дело на Виктор Георгиевски, додека за графичкиот дизајн се погрижи Катерина Даниловска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e