(ВИДЕО) Арнолд Шварценегер тренира на 76 години

Легендарниот Арнолд Шварценегер редовно тренира и на 76-годишна возраст, а неодамна објави видео со кое ги мотивира фановите да започнат да вежбаат.

„Среќен Божиќ! Искористете ја празничната веселба да ги „напумпате“ мускулите и вистински да уживате во слободното време со семејството. Еве го мојот подарок за вас. Од први јануари ќе започнам секојдневно да испраќам мејлови кои ќе содржат предизвици, рецепти и информации за здравјето и фитнесот за да ја подобрам својата „фитнес кампања“. Бесплатно е. Можете да се пријавите на линкот во описот“, напишал Шварценегер на Инстаграм.

За потсетување, Арнолд во октомври стана најскапиот личен тренер во САД, откако тренираше две екипи од која секоја за вежбањето платила дури 150 илјади долари, но сето тоа за прилично хумана цел.

Двете групи го платиле споменатиот износ на аукција во рамки на хуманитарната акција „After-School All-Stars“ која Шварценегер ја основаше пред 30 години за да им помага на учениците ширум земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e