(ВИДЕО) Александра Пријовиќ се расплаќа на концертот во Белград, ја заврши големата турнеја

Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ вчера вечер го одржува својот последен концерт во полната белградска Арена од каде ја започна турнејата „Од исток до запад“, а откако излезе на сцената пејачката со солзи во очите ја поздрави публиката.

Синоќа Александра Пријовиќ излезе на сцената преку публиката во придружба на обезбедувачи, а веќе на првите тактови од нејзината песна „Za nas kasno je“ публиката ја поздрави со овации. Арената беше полна до последното седиште, а штом се појави музичката ѕвезда, низ салата одекна гласно скандирање:

Пријо ние те сакаме!

Александра плачеше на сцената, а потоа и се обрати на публиката:

Драги мои, добредојдовте на последниот концерт на оваа турнеја. Пред 15 месеци, кога ја започнавме оваа турнеја, не можев ни да сонувам дека ќе имаме толку концерти, но сакам да ви се заблагодарам бидејќи сè започна во оваа Арена“ – рече Александра, а потоа продолжи:

„Да ја немав вашата поддршка, љубов и ветер на грб, ништо немаше да биде како што е. Ви благодарам од се срце и сакам оваа вечер да биде посебна за сите нас… Да ја направиме најдобрата забава досега!“ – заврши Александра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e