Весна Петрушевска – Бејби скршена од болка: Ужасно ми е тешко и нема никогаш да престане да нѝ недостасува твојата широка насмевка

Актерката Весна Петрушевска на социјалните мрежи објави дека утринава починал нејзиниот татко, Кирил Петрушевски.

Петрушевска со емотивни зборови јавно се прости од својот татко.

„Ужасно ми е тешко и нема никогаш да престане да нѝ недостасува твојата широка насмевка, исклучителниот дух и несебичната љубов. Те сакам тато, те сакам затоа што беше нежен со нас, со внуците Ема, Јана, Мина и Кирил, со зетот Џоле, со Вики. Ќе ми недостасува восхитот на љубовта која ја имавте со мама Сашка, вечни тинејџерии, прва љубов која инспирираше. Те сакаме бескрајно! Нека ти е светол патот татичко, одмори се“, напиша Бејби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e