Гласајте за Македонија и стискајте палци вечерва за децата од „Дајте музика“ кои ќе настапат претпоследни на Јуниор Евросонг.
Како што е веќе познато, децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија.
Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“.
„Гласајте за Македонија“, вели македонскиот тим.
На официјалната страница на Јуниор Евросонг може да се гласа за три земји, вклучувајќи ја и сопствената. Интернет гласањето ќе трае до 19 денес до 15:59 часот, односно до пред почетокот на музичкото шоу. Овие гласови потоа ќе се спојат со гласовите од публиката што ќе гласа преку СМС. Тие се половина од вкупните поени што ќе одлучуваат за победникот. Останатите педесет проценти од гласовите ќе ги даде жирито.