Украинскиот музичар Андриј Хливинјук се приклучи на армијата во борбата против руската окупација на неговата земја и рече дека сега не е време да се свири гитара, туку да се земе пушка.
Музичарот, кој е дел од бендот Boombox, редовно настапува пред илјадници обожаватели во градовите како Доњецк, Киев и Одеса.
„Музичарите се миротворци, но сега не е време да свират на гитара.“
„Тие нè бомбардираат“, додаде тој за рускиот напад врз неговата земја, кој ги однесе животите на најмалку 198 цивили и го принуди да ги остави децата на грижа на неговата баба, за да се вклучи во борбата против Владимир Путин. Цивилите ширум земјата се повикани – или, во случајот на повеќето мажи им е наредено да земат оружје, а многумина, наводно, го прават тоа со задоволство.
Во видеото, кое веќе собра повеќе од 27.000 лајкови, Хливјук е прикажан во воена облека со бејзбол капа од Њујорк Јенкис и со автоматска пушка на рамо.
„Ништо не ни треба. Тие се оние на кои им требаме. И Западот и Украина изјавуваат дека се придржуваат до истите принципи: еднакви права за сите, владеење на правото, право на избор, човекови права пред се`, а не животинско владеење на најсилниот“, рече Хливјук.