Прекрасната, талентирана актерка Софија Лорен има постигнато огромен успех и ги има освоено срцата на милиони луѓе ширум светот.
Животот не ѝ бил наклонет, за што и денес зборува, но сепак успева да покаже што значи да се биде силна личност.
Зошто Софија Лорен е толку посебна? Ова се 10 факти за животот на легендарната актерка.
1. Иако нејзиниот татко имал благодорно потекло, а таа технички била маркиза, пораснала во сиромаштија. Татко ѝ не бил покрај неа и поради тоа уште како тинејџерка започнала да работи и заработува со својата баба.
Нејзината мајка не била венчана со нејзиниот татко и поради тоа трпела бројни навреди, бидејќи била вонбрачно дете.
2. До 14-та година важела за „грдо пајче“, а ја нарекувале „чепкалка“ бидејќи била многу слаба. Сепак, Лорен го докажала спротивното кога започнала да учествува на натпревари за убавина. На изборот за Мис Италија во 1950 година, ја понела титулата „Мис елеганција“.
3. На 16 години ја добила првата улога, а веќе на 19 и главната. Сите примања ги трошела на издржување на семејството.
4. Софија Лорен освои Оскар за улогата во филмот „Two Women“ од 1961 година, а интересно е што тоа бил првиот Оскар доделен за филм кој не е на англиски јазик и за актерка од Италија.
5. Веќе во 1981 година станала првата позната жена која лансирала свој парфем. Подоцна создала и свој бренд на очила.
6. Во 1982 година, Софија 17 дена била во затвор поради затајување на данок, што на ниту еден начин не влијаело на нејзината популарност. Кога излегла од затвор, ја дочекале бројни обожаватели и новинари.
Врховниот суд на Италија ја ослободил од обвинението во 2013 година.
7. Во 1991 година добила награда за исклучителен придонес во филмската индустрија и била прогласена за „богатство на светската кинематографија“.
8. Она што Софија Лорен особено ја издвојувало од останатите и поради што била и сè уште е омилена е тоа што го прифаќа природниот изглед. Самодовербата ја покажала и во текот на првото појавување на малите екрани, кога еден од камерманите ѝ рекол дека треба да ослабне и да го оперира носот, но таа не го направила тоа.
9. Лорен е многу висока актерка, што на поединечни актери не им одговарало и избегнувале да се појавуваат со неа. Но, овој факт никогаш не ја спречил да носи многу високи потпетици.
10. На 72 години се појави на насловната страница на познатиот календар „Pirelli“ за 2007 година.