Убавата тенисерка, Шарапова, ќе стане мајка

Убавата вест доаѓа од домот на поранешната тенисерка Марија Шарапова. Убавата Русинка вчера го прослави својот 35 роденден, а на честитките им се заблагодари на следбениците преку Инстаграм, објавувајќи дека изела двојна порција од роденденската торта – во чест на бременоста.

Приновата во семејството ќе биде круна на нејзината љубов со бизнисменот Александар Гилкс, со кој е во врска од 2018 година, а се верија кон крајот на 2020 година.

„Скапоцени почетоци. Јадењето роденденска торта за двајца отсекогаш беше моја специјалност“, напиша Шарапова во описот на фотографијата на која трудничкиот стомак е во преден план.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e