Еден од најдобрите супермодели досега, Ел Мекферсон неодамна откри дека пред седум години имала рак на дојка. Болеста сега е во ремисија, а 60-годишната жена призна дека одбила да оди на хемотерапија, иако добила совет од 32 лекари и експерти да го направи тоа.
Во нејзините претстојни мемоари, „Учи да си веруваш“, Ел Мекферсон ја детализира својата битка со болеста, откривајќи дека е решена да го победи ракот на дојката со холистички пристап, наспроти медицинските совети.
Тоа беше шок, беше неочекувано, беше збунувачки, беше страшно на многу начини и навистина ми даде можност да навлезам длабоко во себе и во мојата внатрешна смисла за да најдам решение кое ќе ми помогне“, изјави славната 60-годишна манекенка.
Во 2017 година, на Ел ѝ бил дијагностициран интрадуктален карцином, по што лекарот ѝ препорачал мастектомија со зрачење, хемотерапија, хормонска терапија и конечно реконструкција на градите.
Меѓутоа, жената која во младоста го носеше прекарот „телото“ поради својата совршена фигура, одлучила да не ја следи традиционалната медицина, што можеби не е изненадувачки со оглед на фактот дека е позната по својот холистички начин на живот.
Беше прекрасна вежба да останам верна на себе, да си верувам себеси и на природата на моето тело и начинот на дејствување што го избрав“, објаснила манекенката.
Ел додаде дека се молела и медитирала на плажата во Мајами, кога одлучила дека не сака да го лекува ракот со лекови, туку со „интуитивен, холистички пристап воден од срцето“.
Да им се каже не на стандардните медицински решенија беше најтешката работа што сум ја направила во животот. Но да му кажам не на моето чувство во стомакот ќе беше уште потешко. Луѓето мислеа дека сум луда“, рече Мекферсон.
Манекенката откри дека изнајмила куќа во Феникс, Аризона на осум месеци, каде што се борела со ракот на свој начин под водство на нејзиниот примарен лекар, лекар натуропат, холистички стоматолог, остеопат, хиропрактичар и двајца терапевти. Таа додаде дека секоја минута од нејзините денови ја поминувала посветена на целосно закрепнување.