Уапсен пејачот Дарко Лазиќ, еве која е причината

Пејачот Дарко Лазиќ рано утринава бил приведен околу 4 часот на автопатот во Нов Белград, по што бил сослушан во Полициската станица Нов Белград.

Според српските медиуми Лазиќ бил приведен поради пребрзо возење, тој возел 117 километри на час на местото каде што максимално дозволеното е 80 километри на час. Полицијата му направила и нарко-тест, како и алкотест, тестовите покажале дека Лазиќ е позитивен на кокаин, а му биле измерени и 0,91 промили алкохол во организмот.

На Лазиќ му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред судија за прекршоци, дознаваат белградските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e